Сведочење на сопартиец на Палчо: Во собата каде што спиеше Палчо видов пиштол, а Кешишов и Манев имаа поданички однос со него

by fokus

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше брачен пар, чие што било возилото ,,рено кангу”, но го отстапиле на партијата Десна.

-Тоа возило немаше кој да го оддржува. Две -три години го возеше член на Десна, но замина во странство. Кога требаше да го селат штабот, го понудив возилото да го користат од партијата за селењето. Ми беше подобро некој да го вози, затоа го отстапив, го дадов возилото на располагање, без никаков услов. Им го дадов во септември 2023 година, зошто заминав за Исланд, сведочеше Ѓорѓи Џолев, кој што рече дека е пријател на Љупчо Палевски и бил претседател на Централениот комитет на Десна.

Тој појасни дека често бил во партијата, па раскажа за односот на членовите.

-Со Палевски се познавам од 2017 година. Ги пратев неговите поткасти и еден пријател ме запозна со него. Комунициравме преку ,,вибер”, ,,телеграм”, кога ќе бев во Исланд, каде што живеев одреден период, а по телефон кога бев тука, рече сведокот.

Тој раскажа дека Палевски имал чуден однос со двајцата обвинети, Влатко Кешишов и Велибор Манев.

-Ми беше чуден нивниот однос, беше поданички. На пример, кога ќе им беше зборувано со повисок тон, тие не враќаа, не влегуваа во расправи со Палчо, сведочеше сведокот, појаснувајќи дека тој однос на Влатко и Велибор му изгледал како умилкување кон Палчо, никогаш не ги видел да се скараат.

Дополни дека Кешишов практично живеел во штабот, таму спиел, варел кафе, правел ручек и го шетал кучето.

Тој, на прашање на обвинителката, истакна дека видел пиштол во штабот, во Кисела Вода, во собата во која спиел Палчо.

-Да, видов пиштол во штабот кај Шампионче. Стоеше на маса, во собата каде што спиеше Палевски, видов пиштол во футрола. Не знам чиј беше, но претпоставувам дека беше на Палевски, рече сведокот.

Тој рече дека дознал дека Палески заминал на преглед, иако тој ден требало да имаат Централен коминет на партијата, но не му било чудно што доколку не се врати, настанот да се оддржел без лидерот на партијата.

Кога го повикале во полициска станица, бидејќи возилото ,,рено канго” било негово, рече дека го известил Палевски, но разговорот траел кратко и се одвивал преку ,,телеграм”.

Обвинетите Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Валентина Вурмо

Поврзани новости