Мигранти кои го преживеаја бродоломот во близина на италијанскиот брег ги обвинија криумчарите, односно трговците со луѓе, дека фрлале деца во морето за да ја намалат тежината на бродот и на тој начин полесно побегнале на крајбрежната стража.
Инаку, вчера потона брод со мигранти при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу кои и деца.
Бродоломот го преживеаја 80 мигранти.
Бродот удрил во карпи, се распаднал и потонал во неделата пред зори во близина на италијанскиот брег. Додека спасувачите трагаат по преживеани, се бара виновникот за трагедијата. Некои го вперија прстот во десничарската власт на чело во премиерката Џорџа Мелони и нејзината строга политика за мигрантите. Таа пак, вината ја префрли на нехуманите трговци со луѓе.
„Криумчарите во еден момент фрлаа деца в море. Ги зграбуваа за нозе и за раце и ги флраа“, вели еден од преживеаните за „Ла стампа“. Меѓу загинатите наводно се 14 деца.
„Еден 12-годишен Авганистанец го изгуби целото семејство, деветмина од нив – четири браќа и сестри, родителите и блиски роднини“, изјавил за новинарите.