Сведочење на матичната докторка: Обдукцијата покажа дека Тамара починала од пневмонија

by fokus

На денешното судско рочиште за малата Тамара од Велес, сведочеа Розета Босилкова, специјалист педијатар, и Татјана Атанасова претставник од Здравствен дом од Велес. Босилкова рече дека и била матичен лекар на Тамара, а во судот дојде со здравствениот картон на Тамарам, јави ТВ21.

Босилкова рече дека последната евиденција е на 19.08.2014 година и тогаш е земен упат за Клиника за ортопедија. За нејзината смрт дознала од медиумите, а појаснии дека девојчето во болницата во Велес била донесена како итен случај. Потоа, од резултатите од обдукцијата Босилкова дознала дека причината за смртта е пневмонија.

Атанасова објасни дека во болницата било донесено девојче 10 години без знаци на живот.

„Детето беше аспирирано, интубирано и реанимирано по протокол во време траење од 45 минути“, сведочеше Атанасова.

Екс министерот за здравство Никола Тодоров беше повлечен од сведок, иако мајката на Тамара не се согласува Тодоров да биде повлечен.

 

Поврзани новости