Свечена академија на Општина Штип по повод празникот Свети Никола

by fokus

Општина Штип вечер во Соборниот храм „Свети Никола“ ќе одржи свечена академија по повод чествување на празникот светецот и заштитник на градот, на која ќе бидат врачени Орденот и признанијата на општината.

Како што соопштија од кабинетот на градоначалникот, Општина Штип годинава орденот „Свети Никола“ му го додлеува на поетот Михаил Ренџов, а признанието „Свети Никола“ ќе го добијат Штип Сити Мол, Центарот за поддршка на лица со интелектурална попреченост „Порака“ и универзитетскиот професор Снежана Мирасчиева.

На свечената академија ќе претходи празнична вечерна богослужба. Одбележувањето на празникот ќе продфолжи утре во 8:30 часот, со света архиерејска литургија, а во 10:45 ќе следи литија на релација од Соборниот храм „Св. Никола“ до Плоштадот „Слобода“. Тука ќе се случи кршењето на празничен колач, празнична беседа ќе има митрополитот Брегалнички, г. Иларион, а празнично обраќање ќе има градоначалникот Иван Јорданов.

Поврзани новости