Денеска во 13:00 часот по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба за самостојност на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Владина делегација во состав на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Златко Перински, министер за локална самоуправа и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација во 11:00 часот ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје.
-Со овој празник се оддава должна почит за сите жртви и напори кои се дадени во борбата за самостојност и организираното делување во насока стекнување на независност, слобода и удирање на темели на сопствена македонска држава.
Воедно на овој ден во 1893-та година е формирана Македонската револуционерна организација која претставува главната сила во организираниот отпор насочен за ослободување.
Овој празник претставува завет на многу генерации кој обврзува за достојно, суштествено и активно делување во изградба на современа, силна и просперитетна држава, велат од Владата.
Празникот се прославува дд 2007 година во земјава по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.