Све је исто, само њега нема

Поминавме една мошне тешка и бурна година, а којзнае што сѐ нѐ чека во следните 365 дена? Веќе шест месеци како ВМРО-ДПМНЕ е на власт и ништо не е мрднато од мртва точка. Само што го добија мандатот, ги разиграа лопатите, па искрено тоа е и единственото нешто со што можат да се пофалат. Нова постава - стара шема. Сѐ некако сакаат да ни се претстават како ново ВМРО, нова екипа, нови луѓе, прочистени од старите кадри, прочистени од режимот и демек позачистени од груевизмот, кој остави длабоки и тешки траги по 11-годишното владеење. Но, нели сѐ се заборава.

by Fokus

Пишувa: Ирена МУЛАЧКА

 Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива сѐ поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност.

Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

Култниот роман, и 70 години по објавувањето, останува задолжително четиво и сѐ уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.

Романот „1984“ е задолжително четиво и за Македонија. Полека отчукуваат стрелките на часовникот и се одбројуваат последните денови од 2024 година. Година на криминал, корупција, злоупотреби… Впрочем, ништо поразлична од секоја претходна.

Се отвори  новото поглавје од 2025 година, нови 365 дена, каде што, како и вообичаено, надежта за подобро утре со изминувањето на секоја година е сѐ поголема. Кога ќе се спојат сказалките на часовникот, повторно бликнуваат низа нови желби за среќа, радост, здравје, мир…

Тоа е и нормално. Народот постојано живее во надеж. Но, за тоа подобро утре, голем удел има и државата, која на некој начин треба да го овозможи. Да не бидат само празни фрази и флоскули.

Политичарите ќе се изнаредат со бројни честитки и веќе по десет дена, лека-полека, сѐ се враќа во нормала, поточно во „македонската нормала“.

Изминатата година помина во знакот на двојните претседателски и парламентарни избори, каде што ВМРО-ДПМНЕ ја забетонира својата победа и по седум години дојде до промена на власта. Ќе паднат вмровците од власт, ќе дојдат сдсмовците, сега црвен картон, пак, доби СДСМ и нормално се вратија на власт „револуционерите“ од Белата палата. И пак сме на истото ниво, само Илинденска ја запоседнаа мицковистите. Од власт паднаа „Европејците“, се вратија „патриотите“. Жални ние.

И така цели 30 години. Колку и да сакаме да бидеме оптимисти, сепак во новата година влегуваме со старите болки и проблеми. Криминалот и корупцијата се на највисоко ниво, сите како што ќе ја запоседнат фотелјата, се чудат како повеќе да зграбат од народот, за кој мед и млеко им тече од устата само додека добро се вкотват.

Поминавме една мошне тешка и бурна година, а којзнае што сѐ нѐ чека во следните 365 дена? Веќе шест месеци како ВМРО-ДПМНЕ е на власт и ништо не е мрднато од мртва точка. Само што го добија мандатот, ги разиграа лопатите, па искрено тоа е и единственото нешто со што можат да се пофалат. Нова постава – стара шема.

Сѐ некако сакаат да ни се претстават како новото ВМРО, нова екипа, нови луѓе, прочистени од старите кадри, прочистени од режимот и демек позачистени од груевизмот, кој остави длабоки и тешки траги по 11-годишното владеење. Но, нели сѐ се заборава.

Мицкоски редовно шета низ земјава, тврдејќи дека сѐ е совршено, а тоа што не е, е останато од времето на СДСМ. Една минута удира лопата, додека другата веќе некој апси. И тоа тој апси. Не мора да се подготвуваат тајни акции, кога сѐ е на тапет, сред село.

И после биле пробиени полициските акции, а од кај протекле информациите. Прво, од устата на премиерот, а потоа на вмровските порталчиња ќе излезат сите детали, додека акцијата со апсење уште трае…

Како бе така, десната рака на Али Ахмети, чистиот како солза Артан Груби се јави една недела вечер демек од Косово, да ни каже дека не побегнал, ќе се врати кај своето семејство само да заврши со обврските, а тој си ја кидна, знаејќи дека се подготвува акција за негово апсење, па како што гледаме и по десет дена нема ни трага, ни глас од неговото враќање.

Ова некако ми дојде како дежа ву со драмолетките при апсењето на Никола Груевски, кога специјалци влегоа во неговиот стан, ги пребаруваа гаражите, па дури се правеше цело сценарио, ту ќе се вклучи една камера од пред Шутка, ту ќе се вклучи втора од пред неговиот стан. А бе, цел филм. Од сценарио до режија, сѐ на нивоу.

И додека ние тука во Македонија се правевме будали, бегалецот ни се насмевна од Орбанова Унгарија, си доби азил и веќе седма година, покрај сите „бомби“, криминали и злоупотреби, ги живее удобностите кај својот драг пријател Орбан.

Е, така некако ми изгледа и работата со Груби, па што ако Мицкоски си најавува апсења, кога политичките договори си ја одиграа главната улога.

Не можеме, а да не го споменеме и судскиот процес за смртта на малата 14-годишна Вања и старецот Панче Жежовски. Сѐ што се слушна таму, какви морничави работи излегоа на површина, да ти  смрзне крвта. А, уште поморбиден е суровиот и ладен поглед на наводниот убиец Љупчо Палевски-Палчо, кој дефинитивно е за психијатриско набљудување.

Но, што ќе правиме со загадениот воздух? Со денови надвор прст пред очи не се гледаше, а никој од институциите не сфаќа сериозно колку луѓе на годишно ниво умираат од тој воздух, кој го труе организмот на секој од нас, па и на тие што седат забетонирани на функционерските столчиња. Сите дишеме ист токсичен воздух. Црно, па се не види.

Немаме доволно страници да напишеме за сите морничави и страшни работи што се случуваат во државата.

Сѐ на сѐ, оваа година не завршува ништо поразлично од другите. Но, затоа, пак, наесен нѐ чекаат локални избори и пак истата шема. Повторно ќе почнеме да ги слушаме едните исти ветувања, кои веќе 30 години наназад ни одѕвонуваат во ушите. Дури напамет ги знаеме и предизборните говори. Но, сега само ќе избираме локални и урбани мафијаши.

По уште една измината година и изминати 365 дена, работата е за плачење. Ама, пусто Македонче, до толку се навикна на сѐ, што веќе и ненормалното му е нормално!

 

 

 

 

 

Поврзани новости