Свадба или сапуница на годината: Не ја жалeте Данијела, таа го остави Грашо?!

by Fokus

Свадба на годината за едни, прељубници на деценијата за други, така реагира хрватската и регионална јавност на веста за венчавката на музичарот Петар Грашо со младата Хана, ќерка на неговиот соработник Тончи Хуљиќ.

Свадбената церемонија на парот се случи вчера, а медиумите се полни со детали за настанот кој предизвика огромен јавен интерес.

Уште од првиот момент кога беше објавено дека по прекинот на 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, Грашо е во љубов со Хана која се преселила во неговиот стан, парот се најде во центарот на вниманието. Во тек на вчерашниот ден, во регионалните медиуми се објавуваа и по пет-шест приказни на темата, и од час во час се следеше целата церемонија, која започна да приликува на сапуница.

Врската на Петар и Хана кај многумина наиде на осуда, бидејќи родителите на Хана беа блиски соработници и пријатели како со Данијела, така и со Петар, па така и на денот на венчавката не се штедеа коментари во кои и се дава поддршка на Мартиновиќ.

Хрватската кошаркарска легенда Дино Раѓа, кој беше кум на свадбата, објави фотографии од настанот на Инстаграм, под кои започна јавна расправа околу случувањата.

-Најмногу ми е жал за Данијела, беше еден од коментарите, на што кошаркарот одговори дека нема потреба од такво нешто, бидејќи Данијела си заминала од Грашо.

-Изгледавме како некоја фамилија од реално шоу, што ние секако не сме. Сега е време да се свртиме кон нормалниот живот и работните обврски. Се надевам дека тој интерес за приватноста сосема ќе го снема – изјави Тончи Хуљиќ вчера, пред насобраните медиуми.

Инаку, Грашо и Мартиновиќ се чести гости во Македонија. Петар настапува во ресторани, а има одржано и повеќе солистички концерти, додека пак Данијела има настапувано на општински манифестации, а последен пат пееше на свадба во Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости