СВ Инвест доби уште еден тендер од ЕЛЕМ, ќе инкасира 764.000 евра за поправка и оддржување

by Фокус

Акционерското друштво за производство на струја АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) склучило уште еден договор за јавна набавка со битолската компанија СВ Инвест.

Според Бирото за јавни набавки, двете страни на почетокот на актуелната 2020 година склучиле договор за технолошко чистење, поправка и оддржување на БТО-системите во ПК Суводол и ПК Брод Гнеотино, во вредност од над 47 милиони денари или околу 764 илјади евра.

Во договорот меѓу АД ЕСМ и СВ-Инвест стои дека се однесува на период од 12 месеци, во кој компанијата има обврска да врши транспорт, да обезбеди алат и редовни плати за работа за вработените, да води градежен дневник…

Инаку, оваа компанија почна да добива тендери од АД ЕСМ за потребите на Рек Битола, при што некои и во постапка со преговори без претходно објавување на оглас.

Сопственикот на компанијата, Стојан Чифлигароски, јавно потврди дека се смета за пријател со братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев, меѓутоа демантираше дека поради тоа ги добивал тендерите.

Поврзани новости