Сузбиена е група за криумчарење на мигранти, приведени се 10 лица

by Фокус

МВР утрово спроведе акција на повеќе локации во Скопје и Куманово при што е сузбиена група од 12 лица кои изминатиот период криумчареле мигранти.

Според информации од полицијата, групата во периодот од декември минатата година досега спровела повеќе од 100 мигранти, а за услугите наплаќале од 500 до 700 евра.

“Врз основа на претходен договор, криминалната група мигрантите ги превземала преку нелегални премини со Р.Грција и преку Македонија и Србија, мигрантите биле пренесувани во западно европските земји” велат од МВР.

Утрово извршени се претреси во вкупно 10 објекти во Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово.

Притоа, приведени се 10 лица, едно лице веќе издржува мерка притвор, а едно лице е се уште во бегство.

Поврзани новости