ТВ водителката и пистелка Сузана Турунџиева ја издаде својата шеста книга, само еден месец по смртта на нејзиниот партнер Марјан Јовановиќ, и ја посвети на нивната љубов и заедничките спомени. ,,Не вели збогум,, е дело кое што започнало да се раѓа уште на вториот ден по смртта на Марјан, а Турунџева вели дека ова е нејзиното проштално писмо во кое што ги сместила најсреќните и најтажните моменти од нивната љубов.
,,Трагедијата со Марјан сосема ме исфрли од колосек. За да не полудам, уште вториот ден се свртев кон пишувањето кое што е мој штит и мое прибежиште. Знам дека морам да одам напред, од дванаесетти продолжувам со моите емисии, немам друг избор… Имав четири романи со ведри содржини спремни за промовирање, но животот е непредвидлив. Марјан почина од инфаркт на почетокот на своите четириесетти години, па на сите би им порачала да се пазат себе и своето здравје, барем половина од тоа колку што ги пазат другите околу нив, оти нема ништо поважно од здравјето. Болеста не прашува за години, а животот, тој нема реприза,, – изјави Сузана.
Таа додава дека книгата од 10ти септември ќе биде дистрибуирана во Табернакул и Денар маркет, а сите останати кои сакаат да ја набават на големо или преку брза пошта ќе треба да ја контактираат Афродита Симонова, нејзиниот официјален менаџер за продажба на телефонскиот број 070 554 030.
Марјан Јовановиќ, познат во јавноста како сопственик на скопскиот ресторан ,,Носталгија,, почина минатиот месец ненадејно. Тој и Сузана ја имаат ќерката Матеја, а Сузана ја има и ќерката Лора од претходниот брак, која што Марјан ја прифати како свое дете.
Вики Клинчарова