Сузана Спасовска ја доби наградата за трајни музички вредности

by Fokus

Познатата фолк пејачка Сузана Спасовска, или како што народот ја нарекува Сузе Национале, синоќа беше наградена на популарната забавна манифестација Златна бубамара на популарноста. По четири децении на естрадата кои ги помина како амбасадор на македонската народна песна, таа ја доби наградата за трајни музички вредности.

Уште кога за прв пат се појави на сцената во осумдесеттите години на минатиот век, Спасовска веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Беше помеѓу првите пејачки на народна музика која на секој настап излегуваше со нов имиџ, со храбри модни комбинации, па го доби и епитетот Лејди Гага на своето време.

Таа е единствената пејачка во земјава за која беше напишана и театарска претстава. Станува збор за претставата ,,Кој ја уби Сузана Спасовска” која беше изведувана во речиси сите градови, дури и по неколку пати.

Зад себе има бројни турнеји низ целиот свет, учества на сите фолк фестивали, награди, а е позната и како естраден уметник со најмногу песни посветени на татковината.

Фото Слободан Ѓуриќ

Вики Клинчарова

Поврзани новости