Францускиот фудбалски шампион ПСЖ го казни аргентинскиот ас Лионел Меси поради неговото патување во Саудиска Арабија, без притоа да побара дозвола од клубот.
Меси отпатувал на прошетка до Саудиска Арабија со семејството, без да побара дозвола од клубот. Наводно пропуштил и еден тренинг со соиграчите.
ПСЖ реши да не прави никаков исклучок, па и Аргентинецот да има третман како и сите други во клубот, па поради тоа ја доби казната.
Врачена му е суспензија од две недели во кои нема да игра на натпреварите на тимот, а нема да добие ниту плата за овој период.
Договорот на Аргентинецот со клубот од Париз истекува по крајот на оваа сезона и се поизвесно е дека тој ќе стави крај на авантурата во Франција.
Breaking: PSG have suspended Lionel Messi for two weeks with immediate effect because his trip to Saudi Arabia wasn't authorized by the club, per @FabrizioRomano & @RMCSport. pic.twitter.com/bYZbe3gBbZ
— ESPN FC (@ESPNFC) May 2, 2023