Албанскиот фудбалски репрезентативец Мирлинд Даку е казнет од етичката и дисциплинската комисија на УЕФА со два натпревари неиграње поради недоличното однесување по мечот со Хрватска.
Тој по завршувањето на мечот со „коцкастите“ кој заврши со резултат 2:2 ги навреди Македонците и Србите, ги поттикнуваше и навивачите да ги повторуваат неговите зборови.
Поради тоа се најде на удар на јавноста, а и покрај тоа што се извини, покрената беше постапка против него.
Неговиот клуб веќе најави казна, а сега и УЕФА ја изрече својата казна.
Даку ќе го пропушти мечот со Шпанија во понеделник, а нема да игра и на следниот меч на ЕП доколку Албанија се пласира во нокаут фазата.
Во случај Албанија да испадне по групната фаза, казната му се префрла на следниот натпревар на селекцијата на Албанија под капата на УЕФА.