Суспендираниот помошник-министер во МВР Стајковиќ во скопска Апелација

by Fokus

Суспендираниот помошник-министер за телекомуникации, Небојша Стајковиќ, кој е обвинет во случајот „Трезор“, попладнево ќе присуствува на седница на скопска Апелација по жалбата за одземање на пасошот и определување мерки на претпазливост.

СЈО, според истрагата што ја води, ги сомничи поранешните шефови на УБК и на Петтата управа, Сашо Мијалков и Горан Грујовски, помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Стајковиќ, како и бившиот шеф на кабинетот на директорот на УБК, Тони Јакимовски дека преку „Финзи“ испумпале пари од буџетот на МВР во вредност од околу 860.000 евра.

Министерството за внатрешни работи пред два месеци суспендираше 15 припадници, кои на 27 април во Собранието не дејствувале професионално.

Меѓу нив беше и Стајковиќ, кој ќе сноси одговорност за нефунцкионирањето на тетра-системот за снимање на командите во главните управи во МВР, како што се УБК, Бирото за јавна безбедност и шесттата управа.

Поврзани новости