Суспендирани двајца пилоти на Ер Франс поради тепачка во пилотската кабина

by Fokus

Двајца пилоти на Ер Франс се суспендирани по физичка пресметка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави претставник на Ер Франс.

Летот продолжи и авионот безбедно слета, а спорот не влијаеше на остатокот од летот, рече официјалниот претставник, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата за безбедност.

Швајцарскиот весник „Трибјун“ објави дека пилотот и копилотот се скарале веднаш по полетувањето и се фатиле за јаките откако едниот очигледно го удри другиот.

Кабинскиот екипаж интервенирал, а еден член на екипажот го поминал летот во кокпитот со пилотите, се вели во извештајот.

Ер Франс соопшти дека спроведува безбедносна ревизија како одговор на инцидентот.

Авиокомпанијата соопшти дека нејзината флота реализира илјадници летови дневно, а во извештајот се наведени само четири такви безбедносни инциденти.

Поврзани новости