Една од потпретседателите на Европскиот парламент, Ева Каили, остана без овластување поради поврзаноста со истрагата за корупција во Белгија.
Грчката пратеничка во Европскиот парламент, беше уапсена во петокот во Белгија заедно со уште неколку осомничени во врска со истрагата за поткуп.
Претседателката на ЕП Роберта Мецола „одлучи веднаш да ги суспендира сите овластувања, должности и задачи доверени на Ева Каила во својство на заменик-претседател на Европскиот парламент“, рече портпаролот. Одлука за смена на 44-годишната Каили од потпретседателската функција може да донесе само парламентот.
Белгиското јавно обвинителство соопшти дека денеска ќе одлучи дали петмината осомничени, меѓу кои и Каили, ќе останат во притвор.
Обвинителите рекоа дека се истражуваат обиди за трговија со странско влијание и наводи за корупција и перење пари. Властите одбија да прецизираат која земја е насочена кон обидот за ширење влијание, но извори за германската новинска агенција ДПА изјавија дека тоа е Катар, кој моментално е домаќин на Светското првенство во фудбал.