ОВР Кочани вчера поднесе кривична пријава против П.Ј., полициски службеник во ПС Кочани поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
– Имено, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на РСМ побарал и земал паричен надомест од пријавителот-странски државјанин, информираат од МВР.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.