239
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го суспендираше од фудбалот поранешниот играч на Барселона и селекцијата на Холандија, Марк Овермарс, поради испраќање непристојни фотографии на колешки.
– ФИФА може да потврди дека по барање на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија (КНВБ), Дисциплинската комисија на ФИФА воведе санкции за Марк Овермарс, кои ќе се применуваат ширум светот, објавија од Светската фудбалска асоцијација.
Во февруари 2022 година, холандскиот фудбалски клуб Ајакс го отпушти Овермарс затоа што испратил фотографии од машки полов орган на една од вработените.
Од март 2022 година, Овермарс е во белгиски Антверпен каде работи како спортски директор.