Суплементи во третман на хиперлипидемии: кога, зошто и до кога?!?

by fokus

Современиот човек ја има таа “среќа” да живее динамично, со брзо темпо, да консумира нездрава храна и да биде подложен на стрес на секој чекор.Благодарение на овие фактори си ја нарушуваме општата здравствена состојба уште како млади луѓе. Придонесуваме некои болести (пр.кардиоваскуларни заболувања) да се јават уште пред 40 –та година од животот, нешто што не беше замисливо до пред 30-на години.

Едно од најчестите нарушувања што ги погодува се повеќе помлади особи е хиперлипидемијата.Таа е дефинирана како абнормална,во случајов покачена, концентрација на мастите (липидите) во крвта. Нетретирана хиперлипидемија е најголемиот ризик фактор за појава на атеросклероза која пак предизвикува сериозни кардиоваскуларни проблеми.

Фармацевтската индустрија,нормално, го следи трендот на сите болести и го бара решението за нив, па така и во случајов последниве децении лансирани се повеќе синтетички лекови кои успешно го регулираат нивото на мастите и холестеролот во крвта. Но, секоја приказна има и своја темна страна, па така и овде примената на добро познатите статини не е баш безболна.

Овие лекови масовно се препишуваат дури и при слабо покачени концентрации на масти и холестерол над нормалните вредности.Брзо ги снижуваат нивните концентрации во крвта преку регулација на нивната синтеза во црниот дроб. Но, да не заборавиме дека еднаш започнатата терапија со нив не треба да се прекинува, долготрајна е (најчесто доживотна) и проследена со одредени несакани ефекти: воспалено грло,мускулни болки,крварење од носот, а најсериозни се покачувањето на концентрацијата на гликоза во крвта,т.е појава на дијабетес.

За среќа,постојат и природни препарати со кои мошне успешно може да се регулираат мастите во крвта, бидејќи делуваат со ист или многу сличен механизам како и синтетичките статини. Еден од нив е црвениот ориз за кој преку клинички студии е потврдено дека ефикасно го намалува нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта после 4 -8 неделна примена.

Испитувањата покажеле намалување на вредостите на триглицеридите и вкупниот холестерол за 20-26 %. Затоа,црвениот ориз т.е неговиот екстракт кој го содржи монаколин К е признат од Европското Кардиолошко Друштво и е вклучен во Смерниците за лекување на хиперлипидемија на темел на докажана ефикасност.

За разлика од црвениот ориз кој не е типична храна за нашето подрачје, едно друго растение добро познато на нашите простори има исто така поволно дејство врз липидниот статус во крвта. Тоа е артичоката која ја инхибира биосинтезата на холестеролот и го намалува нивото на триглицериди. Го стимулира лачењто на жолчка и со тоа црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. Значи, артичоката ја потикнува работата на црниот дроб, односно разградувањето на мастите кои ги внесуваме со исхраната.

Ова се неколку примери кои ни го потврдуваат познатото, но малку подзаборавено правило дека храната може и треба да ни биде лек. Кај лица кај кои првпат е утврдена хиперлипидемија (особено помлади) препорачливо е терапијата да почне со природни суплементи, т.е комбинација од екстракт на црвен ориз и лист од артичока. Исто така и постари лица кои не ги поднесуваат статините заради несаканите ефекти можат да преминат на овој природен начин на терапија.

Додатоците во исхрана се безбедни производи кои не мора да се користат континуирано, односно во терапијата со нив може да се прават паузи а при тоа секако се сугерира и промена во животниот стил во насока на зголемена физичка активност, откажување од пушење, како и избалансирана исхрана.

Ваков тип на терапија особено се препорачува како превенција на лица со кардиоваскуларни проблеми, луѓе кои веќе прележале инфаркт и дијабетичари со покачени вредности на холестерол.

Др Ацо Николов, специјалист по интерна медицина

ПР текст

Поврзани новости