Поранешниот британски министерна финансии Риши Сунак го надмина прагот од 100 задолжителни препораки потребни за да се кандидира за лидер на Конзервативната партија по оставката на премиерката Лиз Трас, објави пратеникот од ториевците.
Ден откако Трус поднесе оставка, по само 44 дена на функцијата, се појавија три имиња за блиц-кампањата во десничарската партија: Сунак, кој загуби во почетокот на септември од Трас, поранешниот премиер Борис Џонсон и актуелниот лидер на Долниот дом Пени Мордонт.
Доколку само еден кандидат го помине прагот, тој ќе биде прогласен за победник в понеделник. Првите резултати во трката за лидер на Конзервативната партија ќе бидат објавени в понеделник во 18 часот по локално време, се наведува во партиското соопштение. Доколку е потребно да се одржи втор круг на гласање, резултатот ќе биде објавен в понеделник во 21 часот.