Сунак: Британија мора да ја запре илегалната миграција, депортацијата почнува на пролет

by Fokus

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека сè уште очекува Велика Британија во април да започне со депортирање на барателите на азил во Руанда, придржувајќи се до првичната временска рамка за планот за кој моментално се расправа во парламентот.

– Сè уште сум посветен на временскиот рок, кој што претходно го поставив, што значи дека треба да се започне со депортација на пролет – изјави Сунак на новинарите за време на посетата на англискиот град Ковентри.

Тој додаде дека е важно планот за Руанда да биде лансиран и да функционира, бидејќи Британија „мора да ја запре илегалната миграција“.

Поврзани новости