Во земјава нема автохтоно жариште на опасниот корона вирус, односно сите случаи досега се увезени или пренесени од познати заразени, брифираа од влада.
Исто така, беше информирано дека лекот сумамед ќе биде повлечен од слободна продажба и отсега ќе се издава на товар на Фондот за здравство, односно само на рецепт со оглед на тоа што се купувал во огромни количини,, дури и по десет кутии.
Лекот против маларија – кинин, пак, македонските власти успеале да го набават во доволни количини, со кои може да се третираат близу 10.000 пациенти.
Во однос на мерките кои ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев од владата информираат дека тоа се предлози на партијата, не на владата и дека ќе бидат разгледани на Економскиот совет што е формиран. Исто така, има предлози и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Стопанска коморам, факултети…
Од таму, уште информираат дека личниот став премиерот Спасовски ќе го кажел на влада.