550
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека за лошата перцепција што ја има во јавноста за состојбата со капиталните инвестиции има вина и кај власта.
-За лошата перцепција, ќе бидам искрен, сигурно има и кај нас вина, но тврдам дека свесно кочење нема. Во моментов над 30 патишта се реконструираат. Ќе речете тоа е само реконструкција, но тоа се патишта кои 50 години не биле реконструирани. 40 водоводни канализации прави само Министерството. Можеби ние недоволно сме го презентирале тоа, но се прави, рече Сугаревски.