533
СДСМ на први септември се враќа во Собранието, а во изминативе два дена во Берово нејзините пратеници заедно со најтесното раководство на СДСМ и во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ и со американскиот Национален институт за демократија го планираа нивното дејствување во Парламентот.
Договорено е пратеникот Горан Сугарески да биде координатор на пратеничката група на СДСМ. Пратеничката Јагода Шахпаска ќе ја води Комисијата за здравство, Марјанчо Николовски за финансии, Панче Орцев за земјоделство, Хари Локвенец за контрола на УБК, а Горан Мисовски од НСДП треба да ја води Комисијата за надзор на спроведување на следењето на комуникациите.