362
Неодговорното работење на претходната влада ќе ги чини граѓаните уште 20 милиони евра за изградба на автопатската делница Миладиновци-Шип, информираше денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Министерот посочи дека целата инвестиција е со голем број пропусти и поради тоа дополнителните средства кои најверојатно ќе треба да се платат од буџетот се околу 20 милиони евра.
Според информацијата која Министерството за транспорт и врски ја доставило до владата, изградбата е завршена само 68 отсто, а месец пред истекот на рокот за изградба, екс министерот Мисајловски ја информирал владата дека треба да се склучи Анекс на основниот договор за да се продолжи рокот за изградбата на автопатот.