Сугарески: Лажните профили нема да ме уплашат

by Fokus

Некогашниот директор на Царинската управа и актуелен кандидат за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески преку социјалните мрежи испрати порака – ќе се бори со сите сили за Прилеп, затоа што неговата цел е победа во градот.

„Навредливите коментари од лажни профили ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме демотивираат во намерата фајтерски да се борам за Прилеп. Лажните вести се одлика на безидејни луѓе, а личната неспособност на овие поедници е причината за безочното плукање кое ниту поминало, ниту ќе помине кај мене. Мојата мисија е многу јасна, ќе победиме“, вели Сугарески.

 

 

 

Поврзани новости