355
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.
Станува збор за првата фаза од проектот што опфаќа 23 километри, а инвестицијата е 27 милиони евра.
Според Министерството за транспорт, во тек е евалуација на понудите за втората фаза од изградбата, вредна 20 милиони евра, која се однесува на подделниците Три чешми – Штип југ и Бучим – Радовиш, долги вкупно 13 километри.