Судскиот совет тргнува во контрола на судиите, ќе им ги „чешлаат“ предметите

by fokus

Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности за следење на работата на судиите и судовите, а во насока на зголемување на ефикасноста на судството, изготви Акциски план за вршење на работни посети во судовите за 2020 година.

Акцискиот план, како што информираат од Судскиот совет, бил изготвен уште во март 2020 година, но поради настаната ситуација со вирусот Ковид – 19 работните посети биле прекинати и истите ќе подолжат наредните месеци.

-Работните групи составени од членови на Советот ќе извршат увид во работата на судиите, во однос на почитување на законските рокови за преземање на процесни дејствија, почитување на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките, застарените предмети, состојбата со старите нерешени предмети и др. За констатираната состојба во судот ќе изготват извештај кој ќе го достават до Судскиот совет на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од СС.

Акцискиот план е објавен на Веб страната на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Поврзани новости