Судскиот совет најавува дека по годишните одмори ќе го испитува случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд кој му ја намали затворската казна на возачот Ангелчо Николов од 18 на осум години, поради големата разлика во изречената казна.
Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
-Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса.
Судскиот совет осудува и било каква поделба на судиите по национална припадност и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета по угледот на судството и државата, се вели во соопштението на Судот.
Во понеделникот беше објавена одлуката на Апелација со којашто драстично се намали затворската казна за возачот кој пијан ја усмрти единаесетгодишната Магдалена и избега.