На вечерашната итна седница Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, а членовите на Советот го одобрија и барањето за притвор на судијата. Исто така донесена е одлука и за времено оддалечување од судиската функција.
-Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:
ГО ОДЗЕМА имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;
ГО ОДОБРИ барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и
ВРЕМЕНО ГО ОДДАЛЕЧИ од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, информираа од Судскиот совет.
Судијата Георгиев денеска беше уаспсен поради сомнеж за примање на мито, односно неофицијално е осомничен дека зел 10.000 евра.
Според МВР тој се гони за кривичното дело ,,Примање награда за противзаконито влијание”.
Валентина Вурмо