Судскиот Совет утре на итна седница ќе расправа за времено упатување во Основен кривичен суд Скопје на судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје.
Судијата Шабани го водеше предметот „Талир“ кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и е во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот „Титаник“ кој започна во 2018 година, во кој тој, исто така, е претседател на Судечкиот совет.
Минатата недела Советот ја делегираше и новоизбраната судијка во Апелација, Александра Ристеска, кој е дел од судечкиот совет на предметот „Ласкарци“, чија пресуда треба да биде објавена утре.
Ристеска беше вратрна во Кривичен за да не почне од почеток судењето за „Ласкарци“, а истото може да се случи и со случаите „Талир“ и „Титаник“ со изборот на Шабани во второстепениот суд.