Судскиот совет ќе испитува дали Кацарска влијаела во случајот „Империја“

by Фокус

Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добрила Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев, откако самата судијка на 31 јануари до советот испратила вакво барање.

-Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа – изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет.

Инаку, Кацарска побара од Советот да ги провери тврдењата на обвинителката Лиле Стојанова искажани на рочиште за случајот „Рекет“ дека судијката во време додека се одлучувало за притворот на Орце Камчев била во судот и вршела притисок преку колега обвинител.

Поврзани новости