Судскиот совет денеска ќе расправа и ќе одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд – Беса Адеми.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева рече дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од Комисијата на известители, да биде донесена правилна одлука. Таа отврди дека извештајот на Комисијата на известители е готов и оти за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред.
Посочи дека денешната расправа ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука.
Таа наведува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека тие ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука.
Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми.