Судскиот совет да ја запре постапката за Адеми за да докаже дека е заштитник на судиите, а не обратно, побара бранителката на Адеми

by fokus

Да се запре постапката за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми со што Судскиот совет ќе докаже дека е заштитник на судиите, а не обратно, рече бранителката на Адеми на расправата за нејзината иницијатива за разрешување што ја поднесе член на Судски совет.

Таа цитираше делови од извештајот на оценската комисија на Европската унија во кој се вели дека претседалот на Врховниот суд и министерот за правда, кои се членови по функција на Судскиот совет, ако не присуствуваат на седниците на Советот по сопствена одлука, не е прекршување на Законот.

Таа укажа дека учеството на претседателот на Врховниот суд не значи само нејзино физичко присуство туку секаков вид на соработка.

Зефиќ ја проблематизираше оваа иницијатива во поглед на слободата на изразување со оглед на тоа што е покрената по нејзиното интервју во кое зборува за притисоци.

Според неа, тоа може да значи и порака до другите судии дека може да се соочат со разрешување ако зборуваат јавно.

А според бранителката, обврска на Адеми е да ја брани независноста на судството.

Подносителот на иницијативата за разрешување на Адеми, Миљазим Мустафа, имаше низа прашања до Адеми зошто не доаѓала и зошто не иницирала работни средби со Судскиот совет. Според него, тие се информирале за притисоци врз нејзе од интервјуто за СДК.мк и затоа ја повикале.

Од прашањата и одговорите можеше да се заклучи дека Адеми кога била повикана не можела да оствари средба со Судскиот совет, но не одбила ваква средба за понатаму.

Но, следниот ден за кога била повикана на средба веднаш и била поднесена иницијатива за разрешување.

Мустафа не се откажа и пак прашуваше зошто Адеми и потоа не иницирала средба со Судскиот совет.

Адеми е децидна дека Судскиот совет треба да биде брана и да ги штити судиите, а за притисоците вели имаат надлежност други правосудни институции да истражуваат.

Расправата за нејзино разрешување беше експресно закажана на последниот работен ден оваа година.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости