Судски совет во последен момент го спаси предметот Ласкарци да не почне од почеток

by fokus

Судскиот совет на итна седница попладнево едногласно ја делегираше судијката Александра Ристеска која денеска даде заклетва и беше избрана за судија во Апелациониот суд, да се врати во Кривичен и да го заврши предметот за Ласкарци.

Пресудата за овој предмет кој се суди со години, е закажана за на 25 јануари и со изборот на Ристеска имаше опасност предметот по којзнае кој пат да почне од почеток, со оглед на тоашто Ристеска е дел од судечкиот совет за овој предмет.

Денеска дури по давањето на заклетвата претседателот, Иван Џолев го информирал Судскиот совет дека за на 25 се подготвува пресуда за предметот.

Сите членови беа едногласни дека Ристеска треба времено да се упати во Кривичниот суд додека не се изрече пресудата.

Несреќата се случи на 13 февруари 2019 година и имаше 16 жртви, а досега не е донесена правосилна пресуда.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости