Судски совет: Работиме законски, тврдењата на амбасадорот Коп се неосновани

by Fokus

Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет.

Ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, според кој новиот претседател на Советот е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четири годишниот проект финансиран од оваа земја.

Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за Судскиот совет на РСМ.

Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува  сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет.

Холандскиот проект трае четири години и се состои од три компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година.

Амбасадорот Коп во интервјуто за „Радио Слободна Европа“  изјави дека Холандија стави во мирување проект за Судскиот совет поради последните случувања. Проектот е во вредност од милион евра за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет.

Холандскиот амбасадор рече дека причина за тоа е влошувањето на состојбите во правосудството,  и последните случувања во Судскиот совет според него се недозволиви.

„Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвора, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој, а сега го имаме и случајот со Судскиот Совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Сускиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, изјави Коп.

 

 

Поврзани новости