182
По реакциите во јавноста поради одлуката на Кривичниот суд на осомничените за упадот во М-НАВ да им биде одредена мерка претпазливост, а не притвор како што бараше Јавното обвинителство, денеска се произнесе и Судскиот совет.
Во соопштението велат дека судовите се независни во своето постапување и одлучување.
„Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите“ – се наведува во соопштението на Судскиот совет.