Судски совет не избра нов претседател – несогласувањата ќе ги „пеглаат“ без јавност

by fokus

Седницата на Судскиот совет којашто беше закажана за денеска во 11 часот на којашто требаше да се избира нов претседател се одложи.

Причините за одложувањето не се познати, обезбедувањето во институцијата излезе и ги извести новинарите дека седница нема. Неофицијално, несогласувањата ќе се „пеглаат“ на колегиум, далеку од очите на јавноста.

Минатата седница на којашто исто така требаше да се избира нов претседател на Судски совет, по контроверзното разрешување на Весна Дамева, се одложи, но јавноста беше информирана.

Минатата недела, дел од членовите на Советот на чело со заменикот претседател, Селим Адеми ја разрешија Дамева, според нив заради тоа што го криела писмото на амбасадорката на САД, Анџела Агелер и нарушените меѓучовечки односи.

Според неофицијални информации, затоа што на дневен ред требало да се стави разрешувањето на судијата, Енвер Беџети, кој неоправдано го доведе до чекор на застарување предметот за масовното прислушување.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости