Судски совет ќе ги испитува одлуките за домашен притвор на Рамадани и спогодбите на Георгиев и Мемети

by Fokus

Во наредните денови тричлената комсиија од Судски ќе направи увид во утврдените факти од предметите и веднаш по изготвувањето на Ивештајот на итна и јавна седница членовите на Советот ќе ја разгледаат фактичката состојба, објави Канал5.

Иако нема рок до кога Комисијата од Судскиот совет формирана да ги испита судските одлуки при доделувањето домашен притвор на бегалецот Блерим Рамадани и постигнатите спогодби со Наќе Георгиев и Иџет Мемети … од Советот уверуваат дека тоа ќе се случи во најкраток можен рок. Во наредните денови тричлената комсиија од Судски ќе направи увид во утврдените факти од предметите и веднаш по изготвувањето на Извештајот на итна и јавна седница членовите на Советот ќе ја разгледаат фактичката состојба и ќе утврдат дали имало пропусти при постапувањето на судиите, вклучително и за Пајазит Пајазити.. Доколку се докаже, од Судскиот совет за Канал 5 велат дека веднаш ќе биде поднесено барање за утврдување одговорност од судиите, кои, како што велат не смеат ниту еден ден повеќе да делат правда.

Во меѓувреме од владеачката ВМРО ДПМНЕ од каде за бегството на Рамдани ги обвинуваат СДСМ И ДУИ, односно нивните кадри во судството, освен разрешување на судијата пајазит Пајазити, денеска бараат против него да биде отворена и постапка во која лично тој ќе објасни зошто прекшителите на Законот во неговите судски постапки поминувле неказенто.

„Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски. Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега. Пајазит Пајазити е истиот судија кој пресуди условна казна затвор за Иџет Мемети кој призна дека зел поткуп со Наќе Георгиев за да му ја олеснат казната на Боро Марлборо. Пајазит Пајазити мора да одговара“– Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тричената комисија која треба да утврди евентуални пропусти во трите случаи беше формирана на итна седница на Советот во петокот. Во неа членуваат Александар Камбовски, Ханиф Зендели и Павлина Црвенковска.

Поврзани новости