Судски совет ја префрла одговорноста кај Лога за АКМИС-от во кумановскиот суд

by fokus

АКМИСОТ е во надлежност на ресорното Министерство за правда, кое врши редовни и вонредни контроли на судовите. Доколку се констатирани одредени отстапувања и неправилности, Mинистерството може да изготви извештај и да иницира соодветна постапка, информираат од Судски совет во врска со објавените тврдења на Министерот за правда, Кренар Лога, дека Судскиот совет пет месеци одолговлекува и не презема мерки за утврдување одговорност и санкционирање на ВД претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, за констатираните злоупотреби на АКМИСОТ.

Од Судскиот совет потсетуваат дека Министерот за правда по функција е член на Судскиот совет без право на глас и за секоја седница добива уредни покани и доколку сака може да учествува во расправата на секоја тема.

– Членовите од Судскиот совет не сакаат да се впуштаат во било каква конфронтацијата со министерот, но укажуваат дека соработката треба да биде директна, конструктивна и во духот на остварување на заедничката цел: независно, професионално и отчетно судство и затоа сметаат дека е несоодветно комуникацијата да се остварува преку медиумите, стои во нивното соопштение.

Поврзани новости