Со писмена покана Судскиот совет ја повикал претседателката на Врховниот суд – Беса Адеми за работна средба со членовите на Советот, а во врска со последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд.
Од Судскиот совет посочуваат дека согласно член 2 од Законот за Судскиот совет имаат обврска да ја обезбедат и да ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт, а членот 11 од истиот закон го гарантира слободното судиско одлучување без никакви влијанија и притисоци.
– Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко – велат од Судскиот совет.
Сашко Герогиев – претседателот на Судскиот совет изутрината телефонски разговарал со Адеми за „ова исклучително важно и сензитивно прашање“., стот во соопштението на СС.
Работна средба е закажана за во понеделник на 6 ноември во 11 часот во просториите на Судскиот совет.