Судската администрација излегува на штрајк

by Фокус

Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) информира дека штрајкот е се поизвесен и дека во вторник е можно одново да излезат да ја предупредат власта да им го исплати ветеното покачување на платите од 35 отсто. Администрацијата ќе остави простор до понеделник за да се исполни договороеното со Министерството за финансии кое треба да постапи според препорака на Владата.

“Незадоволството кај вработените во судовите може да ескалира во секој момент и од штрајк да прерасне во бунт на судската администрација, бидејќи се соочуваме со долготраен игнорантски однос од страна на судската власт”, стои во соопштението.

 

Поврзани новости