390
Судската адинистрација денеска ќе протестира пред ресорното министерство за правда, а најверојатно протестот ќе заврши пред владата.
Според најавите, поддршка на судската администрација ќе и дадат и судски службеници. Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски вели дека нема некои големи притисоци, но сепак има обиди со кои дел од администрацијата во институциите се спречува да им даде поддршка на денешниот протест.
Претседателот на синдикалната организација пак во Скопскиот кривичен 1, Драган Јосевски изјави дека тие нема да излезат на денешниот протест бидејќи никој не ги консултирал.