480
Македонската државата ќе мора да ја регистрира ПОА на Јован Вранишковски, кој моментално издржува затворска казна за финансиски малверзации. Како што објави телевизијата 24 вести, ваквиот епилог е сосема извесен, бидејќи земјава го губи спорот пред Судот за човекови права во Стразбур, каде постапката е веќе завршена, а пресудата се очекува да биде соопштена кон крајот на годинава. И од Хелсиншкиот комитет, кој го застапува расчинетиот владика на МПЦ-ОА во Стразбур, се убедени дека пресудата ќе биде во полза на ПОА, поради тоа што, меѓу другото, со одбивањето да ја регистрира во два наврати, државава ги повредила слободата на здружување и на вероисповед.