Полскиот суд нареди поранешниот министер Мариуш Камински, кој моментално штрајкува со глад, да биде принудно хранет во затвор, објави полскиот претседател Анджеј Дуда.
– Од сопругата на Камински добив информација дека е издадена судска наредба за присилно хранење, бидејќи неговата состојба почнала да му го загрозува животот и здравје – изјави Дуда на новинарите во Давос.
Ројтерс оценува дека тоа ќе ги разбуди емоциите во Полска, во време на конфликт меѓу старата и новата администрација.
Поранешниот полски министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик Мациеј Васик беа приведени во претседателската палата во Варшава минатата недела и испратени во затвор, откако беа осудени за злоупотреба на власта додека беа на функција.
Откако беа лишени од слобода, започнаа штрајк со глад.