Судот на Босна и Херцеговина денеска во 13:00 часот ќе ја објави првостепената пресуда за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и директорот на „Службен весник“ Милош Лукиќ за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит.
Додик претходно изјави дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата, а како што рече неговиот адвокат Горан Бубиќ, законот не ги обврзува ниту бранителите да присуствуваат во Судот.
Одбраната на Додик и Лукиќ во завршните зборови побара ослободителна пресуда, а Обвинителството предложи затворски казни поблиски до најстрогите за делото за кое им се суди, а кое предвидува 5 години и забрана за вршење јавна функција од 10 години.
Инаку, Додик е обвинет за потпишување на претседателски декрети, со кои се прогласија за валидни два неуставни закони на РС, кои високиот претставник претходно ги поништи.
Станува збор за законите за неприменување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и за неприменување на одлуките на високиот претставник на територијата на РС.
Лукиќ беше обвинет дека ги објавил тие закони и уредби во Службен весник на РС.