Основниот граѓански суд Скопје и по втор пат пресуди дека државата не е виновна и новинарката Душица Мрѓа самата е крива што се довела во опасност во Собранието на 27 април.
Правдата за 27 април, за кој на сите им се полни устите, а особено на власта и нејзините поддржувачи, повторно е на колена. Судијката Антоанета Димовска од скопскиот Граѓански суд по вторпат, и покрај укажувањето на Апелација, пресуди во корист на државата. Да, таа истата држава,чиј правобранител констатираше дека сама сум се ставила во опасност зашто не сум имала шлем на крвавиот четврток, напиша Мрѓа по пресудата.
Таа додава дека се уште не ја добила пресудата и дека доколку Апелација не ја преиначи одлуката, правдата ќе ја бара во Стразбур.
И покрај прецизната шлаканица од Апелација за почитувањето на европското право и пракса, и по вторпат според судијката, државата нема зошто да одговара и да плати штета, иако јас јадејќи ќотек ја спасив истата таа држава, вели Мрѓа.