Судот прави тортура врз бизнисменот Камчев, реагираат адвокатите

by Fokus

Правната одбрана на бизнисменот Јордан Камчев, кој е во притвор за обвинението „Плацеви на Водно“, денеска објави реакција во која наведува дека Камчев е со влошена здравствена состојба, а судот врз него прави репресија и тортура, бидејќи не прифаќа да го замени неговиот затворски притвор со домашен и покрај тоа што Вишото јавно обвинителство пред два дена ја прифатило гаранцијата што бизнисменот ја понудил, се вели во реакцијата.

Камчев е во притвор од 14 март и треба на 16 јули да седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1 за обвинението познато во јавноста како „Плацеви на Водно“, во кое исто така обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Камчев во март беше приведен поради информации за наводно подготвување бегство во Бугарија, при што му беше определена едномесечна мерка притвор која потоа беше три пати продолжена. Камчев претходно нудеше гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постоела опасноста од бегство.

Во денeшната реакција на правниот тим на Камчев, составен од Адвокатската канцеларија Савиќ, Адвокатската канцеларија Гоце Ристески, Адвокатското Друштво Наумов, Менкиноски и Партнери и Адвокатската канцеларија Еленко Миланов, се вели дека по четири месеци ефективен притвор Камчев бил со видливо влошена здравствена состојба која продолжувала да се влошува поради несоодветни медицински и санитарни услови во КПУ Затвор Скопје.

„По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје“, се вели во реакцијата.

Во реакцијата исто така се додава дека јавното обвинителство е овласатен предлагач на мерките за безбедност и дека според досегашната судска пракса на кривични постапки, судот секогаш ги засновал своите одлуки за определување на мерки според предлозите од јавното обвинителство.

-Оттука целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со г-динот Камчев, се вели во ракцијата.

Предметот „Плацеви на Водно”се однесува на купување и прекривање на вистинскиот сопственик на три парцели на Водно преку фирма од Белизе, како и уште еден плац во центарот на Скопје, два стана во главниот град и две парцели во Крушево.

Поврзани новости