579
Од скопскиот кривичен суд официјално известија дека Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на Центар, доби куќен притвор, исто како уште еден осомничен во случајот „Феникс“, додека четворица добија затворски притвор.
„Судија на претходна постапка, по произнесување на осомничените кои беа спроведени пред судот, во присуство на нивните бранители, во однос на предлогот на ЈО за определување мерка прирвор, донесе решенија со кои на В.Т. и Т.Д. им определи мерка куќен притвор, додека на Љ.Б.,В.З.,А.З. и З.П. им определи мерка притвор, за сите во траење од 30 дена“, информираа од Судот.
Од таму посочуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.