Судот побара полиција да го спроведе Зеќири

by fokus

Откако денеска обвинителството побара притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, од Кривичниот суд информираат дека побарале полицијата да го донесе во судот.

-По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот. Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Кривичниот суд Скопје постапува согласно Законските одредби и транспарентно и отчетно ги информира медиумите за сите решенија и одлуки кои се од јавен интерс, но должен е истовремено да ја почитва пресумцијата на невиност и Уставно загрантираните права и слободи на граѓаните, и информираат од судот.

Обвинителството денеска информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна проневера на 145.000 евра. Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги.

Поврзани новости